-Жив и здрав сум, си седам во штабот. Веста дека сум починал, која се прошири на социјалните мрежи, не знам кој ја иницирал прв, само зборува за него каква личност е. Ако, свикнат сум јас на се, вредам, па затоа и вакви ниски удари има врз мене. Го умираа и Чак Норис, го умреа пред некој месец и градоначалникот на Чешиново – Облешево кога беше инфициран од корона вирус. Значи, само во нашата земја има ситуации кога човек треба да демантира дека умрел. Срамота! – во телефонски разговор за ,,Фокус” изјави лидерот на Ромите, Амди Бајрам откако денеска на Твитер кружеа информации дека тој починал.
Тој кажал дека продолжува со неговите секојдневни активности.
-Продолжувам со моите секојдневни активности, не се свртувам по сите кои удираат по мене. Оној кој ја пласирал веста за мојата смрт, намерно, со цел да ми ги вознемири блиските, па и мене, се гледа од неговата постапка што човек е. Господ е голем и гледа, не прави на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го направат – вели Бајрам.