Турската фудбалска федерација поради пандемијата на коронавирусот одлучи натпреварите да се играат без гледачи, но и тоа не го спречи претседателот на второлигашот Демиспор да го гледа мечот.
Демиспор на домашен терен славеше со 3:2 против Умраниеспор, но потегот на натпреварот не беше од теренот туку надвор од него и тој момент го обиколи целиот свет.
Претседателот на Демиспор, Мурат Санчак кој мечот на својот клуб наместо од ВИП-ложа, реши да го гледа од птичја перспектива. Изнајми кран, па се качи на него и го следеше мечот.
Клубот, дури и му се заблагодари за потегот.
„Ви благодариме, голем претседателе“, објави Адана на својот твитер-профил.