Внукот на кралот на рокенролот Елвис Присли, Бенџамин Кио (27) се самоуби во својата вила во Калабасас. Тој бил пронајден со прострелна рана во градите.
Полицијата соопшти дека се работи за самоубиство, но сеуште не е завршена истрагата.
-Лиса е скршена од болка, Бенџамин беше центар на нејзиниот свет – кратко соопштило семејството.
Инаку, Бенџамин е син на Лиса Мари Присли, ќерката на Елвис и Присилија Присли. Го доби во брак со музичарот Дени Кио.
Бенџамин поголемиот дел од својот живот го помина криејќи се од јавноста, а во 2009 година потпиша договор на 5 милиони долари со една издавачка куќа, но никогаш не се прослави како музичар. Интересно е тоа што тој многу наликувал на дедо му Елвис Присли.
-Бен навистина многу личи на Елвис. Сите се вртат накај него кога тој ќе помине. Сакаат да се фотографираат со Бен неверувајќи дека толку се случно -раскажувала порано Лиса.