Најевтиниот стан во луксузен подземен бункер кој гарантира пет години опстанок по евентуална социо-економска имплозија во САД поради КОВИД-19 чини милион долари, додека поудобните варијанти за сместување се продаваат три пати поскапи. Цената за одржување на стан во подземен бункер е 2.500 долари годишно со вклучен интернет, муниција, вода и електрична енергија.
Компанијата „Survival Condo“ нуди станови во напуштени ракетни силоси „Atlas F“, кои беа изградени од инженерите на армијата на САД во средината на минатиот век, а кои се наоѓаат во руралните делови на Америка.
Подземни ракетни силоси, некогаш дом на меѓуконтинентални нуклеарни ракети, се на 200 метри под земјата и можат да примат 75 жители. Под куполата на зградите што се наоѓаат на површината на земјата, се наоѓа цилиндричен силос со 14 ката. Постои базен и просторија за водоснабдување на горните катови. Седум спрата се наменети за сместување, додека последните четири спрата имаат училница и библиотека, кино и бар и просторија за вежбање (со сауна). Скалите и лифтовите одат на секој кат – ова е краток извештај од каналот CNET за подземни бункери за исплашените богати луѓе кои не штедат пари да се обезбедат од какви било евентуални случаи во пост-короната.
Лери Хол, сопственик на компанијата „Condo for survival“, на ТВ-новинарите им го покажа својата „Кадилак“ меѓу засолништата за богатите, која се наоѓа некаде „во срцето на Канзас“. Тој тврди дека „ниту една друга опција за засолниште денес не го нуди“ духот што доаѓа со најсовремена технологија, комбинирана со удобност и луксуз како „Survive Condo“ во 72 поранешните ракетни силоси Атлас Ф.
Овие се најиздржливите структури некогаш создадени за да преживеат директен нуклеарен удар.
Горниот дел од силосот има бетонски sидови дебели над 2,7 метри, додека куполата може да издржи ветрови над 800 километри на час. Објектот има повеќе од 54.000 квадратни метри заштитен простор дизајниран за животите на 75 лица повеќе од пет години. Целокупната дизајнерска завршница на засолништето е „ултрамодерна“, а користи врвни технологии – тврди сопственикот.
Како што објави CNET, еден кат од засолништето има приближно 1.820 метри квадратни простор за живеење и е поделен на две единици од по 900 квадратни метри. Најмногу 10 луѓе можат да живеат на еден кат. Станот е опремен со 50-инчен ТВ и систем за домашна автоматизација со далечински управувачи. Копчињата се биометриски и зависат од сопственикот. Станот има петгодишна резерва на храна по лице, а има и стрелиште и базен за обука на патници кон апокалипсата. Најмалата единица чини околу еден милион долари, а најголемата околу три милиони. „Condo for survival“ веќе се претежно во сопственост на богатата елита – објави оваа телевизија.
СОДРЖИНИ НА „Survival Condo“
Над 20.000 квадратни метри во монолитна купола
Внатрешни извори на електрична енергија
Дополнително водоснабдување со минимум 75,000 галони
Филтрација на воздухот, вклучувајќи и нуклеарна, биолошка и хемиска филтрација
Производство на органска храна
Продавница
Базен и спа, и целосна теретана
Театар
Бар и салон
Библиотека и училница
Центар за команда и контрола
Медицински центар за прва помош
Центар за комуникација
Дигитална метеоролошка станица