ПРЕМНОГУ СЕ ВОЗБУДИ: Продавач се онесвести пред принцот Чарлс (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Принцот Чарлс (71) кој неодамна посети еден супермаркет во Бристол, остана заледен кога еден продавач кој сакаше да поразговара со него се струполи на земја.

Чарлс застанал за да разговара со работникот, кој бил во тимот за неговиот пречек, но на човекот одеднаш му се слошило и само се спрострел пред принцот.

Шокиран и збунет, Чарлс воопшто не успеал да реагира. Доцна ја подал раката за да го задржи човекот, кој веќе лежел на подот.

Официјално не е познато што му се случило на човекот кој се онесвестил, но по некој момент тој повторно застана на нозе и поразговара со принцот Чарлс.

останати вести