Турскиот државен совет ја поништил одлуката на Кемал Ататурк од 1934-та година, според која славното здание Аја Софија е претворено во Музеј. Ова здание во Истанбул сега повторно ќе биде џамија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предложил на славната градба под заштита на УНЕСКО од шестиот век да и биде вратен статусот на џамија.
Претходно турскиот Државен совет на 2-ри јули го разгледуваше барањето за промена на статусот на „Света Софија“ на состанокот кој траел само 17 минути.
Најавите за намерата „Аја Софија“ да биде повторно претворена во џамија предизвика гласни реакции и загриженост која ги изразија и УНЕСКО; Грција, САД и Русија, како и други меѓународно организации и земји. И покрај тоа, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во пресрет на објавувањето на одлуката дека Анкара има право да дејствува без да се ги зема предвид ставовите на другите земји, повикувајќи се на некои истражувања според кои 70 отсто од Турците сакаат „Аја Софија“ да биде џамија.