Професорот од Оксфорд, Том Џеферсон, наместо општо прифатениот заклучок за кинеското потекло на вирусот, се залага за различна теорија базирана на откривање на вирусни честички во други делови на светот, кои се постари од првото жариште во Вухан.
Имено, тој верува дека короната се шири низ канализацијата, и дека таа дури се пренесувала во заеднички тоалети.
Канализационата мрежа е особено погодна за зачувување на вирусот затоа што температурата таму често е пониска од оние на површината, па вирусите остануваат сочувани и можат долго да преживеат, но и да се шират.
Оваа можност е поддржана со минатонеделното откритие на шпанските виролози кои пронајдоа траги од инфекција во примероците на отпадни води од март 2019 година, една година пред пандемијата да ја погоди Европа.
Експертите претпоставуваат дека во тоа време никој не барал нов вирус, бидејќи тој веќе бил во сезоната на грип, па затоа не бил откриен. Сепак, во научните кругови, оваа хипотеза го поставува прашањето, како е можно таков заразен патоген да не се раширил меѓу луѓето.
Честички од овој злобен вирус беа пронајдени не само во Шпанија, туку и во Италија, од декември минатата година, и Бразил, од ноември 2019 година.
Д-р Џеферсон истакнал дека треба дополнително да се истражи зошто вирусот се појави токму на пазарите во Кина.
Тој смета дека со тоа би се откриле и другите начини на пренесување на коронавирусот.
„Секогаш постои нешто кое што го поттикнува вирусот на активирање. Можеби тоа е напукнатост на некој простор или пак условите во околината, а тоа е тоа што треба да го бараме“ – истакнал д-р Џеферсон.
СЗО најавила истражување кое што треба да го даде точниот одговор за почетокот на пандемијата која што беснее во светот.