Човекот кој се најде на култната фотографија од 11 септември, 2001 година, на која луѓето бегаат по терористичкиот напад и рушењето на кулите близначки во Њујорк, почина од коронавирус- соопшти неговото семејство.
-Пред 19 години Стивен Купер ги испорачуваше весниците во долниот дел на Менхетн, кога се појави полициаец и им рече да бегааат – изјави за Си-Ен-Ен, неговата девојка Џенет Решиз.
Купер е на фотографијата лево, со наочари и црна маица, а на фотката се гледаат уште неколку луѓе кои бегаат пред облакот од дим и прашина по падот на кулите.
-Не знаеше дека бил фотографиран додека не поминаа две недели. Читаше весник и се виде на сликата – вели Џенет која со Купер поминала 33 година.
Автор на фотографијата е поранешната репортерка на агенцијата АП, Сузан Планкет, која рекла дека била во контакт со дел од луѓето од фотката, но Купер никогаш не го запознала.