Ќерката на оскаровецот Стивен Спилберг станува тетовска снаа (ФОТО)

by Тони Зографски

Ќерката на американскиот режисер и продуцент кој е добитник на повеќе Оскари, Стивен Спилберг, Дестри Алин, се вери со нејзиното момче Генц Легранд, со кого се во врска веќе подолго време .

Веста ја соопшти лично Алин во петокот на нејзиниот профил на Инстаграм, пренесува „Холивуд Рипортер“.

Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.

„Многу сум возбудена што го продолжувам животот со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “, напиша Алин.

Инаку, Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија- -објави Алсат-м.тв.

Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра Саша Спилберг се меѓу оние кои и честитаа на Алин за веридбата. Таа го промени своето славно презиме кога ја започна својата кариера во Холивуд.

останати вести