Некогашната голема ѕвезда на српската женска кошарка Милица Дабовиќ (38) тврди дека мажите неколку пати и нуделе пари за сексуални услуги.
-Неколку пати се има случено да ми речат дека ќе ми платат само за да одам со нив во кревет. Сега нема да вѝ открија кој се ми се нудел, се тоа ќе можете да прочитате во мојата книга која веќе подолго време ја пишувам. Мене никогаш не ме интересирале такви работи, не сум од тој свет. Јас се занимавав со кошарка и секогаш се знаеше како зароботував. Имав добри договори со клубовите и убаво живеев – вели Милица и открива дека селекторката на Србија Марина Маљковиќ и предлагала да се занимавам со проституција.
-Кога се повлеков од репрезентацијата побарав помош од Марина бидејќи сакав и натаму да играм. Дури побарав да ме врати во репрезентацијата. Но, таа ми рече да одам кај моите пријатели во Турција и таму да најдам муштерии. Неможев да верувам што слушам, тоа за мене беше навистина страшно. Некој кој ме познава со години такво нешто да ми каже – запрепастени изјавила Милица Дабовиќ која пред неколку дена преку Инстаграм нудеше своја облека на продажба со цел да дојде до некој динар.
Таа за медиумите во Србија јавно призна дека има големи проблеми, но дека има намера истите да ги надмине. Се пожали дека нема никаква плата во моментов, дека е самохрана мајка, а на тие што и се потсмеваат јавно им кажа дека не се срами од тоа што сега го прави.