Македонка Икономова Давчева сподели статус во Фејсбук -групата “И Јас сум Венко Филипче“ преку кој предупредува колку коронавирусот е опасен.
“Четиво поучно за оние кои велат Баба рога бил вирусот и лажен!
Најпрво добиваш температура, два-три дена околу 37,5 степени, грлцето малку те загребува, си викаш ништо не ми е, ама потоа одеднаш имаш од 39 до 41 степен и мораш да бараш помош и те носат на ургентна, ама немаш епидемиолошки “пас”, само си суспектна.
Те прегледува специјалист, земаат брис и утредента позитивна си.
Но, ти веќе не можеш нормално да функционираш, немаш ни осет за вкус, мирис, имаш неподносливи болки во муслулите на телото, ти не можеш воопшто ни да дишеш, осеќаш дека воопшто воздух не влегува во твоите бели дробови, па итно те префрлаат од дневна амбуланта на интензивна нега каде одлучуваат дека мора да те интубираат, бидејќи сатурацијата укажува на тоа дека немаш доволно кислород до телото, особено не на белите дробови.
Белите дробови воопшто не можат ни да се видат на РТГ снимките поради коронавирусот, а плус имаш и некое мало крвно згрутчување од четири-пет сантиметри. Деновите повеќе си во полусвесна состојба, а пред да западнеш во кома успеваш да пуштиш СМС порака на пријателите во која си напишала дека не веруваш дека ќе се извлечеш жива.
Ти се влошува состојбата, крајно влошена, многу тешко е да успееш да се извлечеш, затоа што состојбата ти е исклучително тешка, но сите околу тебе не сакаат ни да помислат да те изгубат.
Во меѓувреме носат итно нов многу помлад од тебе на интензивна, исплукува крв на сите страни, уште потежок случај од тебе, оди директно на респиратор. Пациентот е во некоја коматозна состојба, дише како низ стакленца и ги моли докторите да го остават да умре затоа што не можел да издржи повеќе.
Над него се префрлаат 15-тина медицински лица и го реанимираат. Во меѓувреме и ти се губиш, пола екипа се префрла кај тебе, те реанимираат и тебе.
Се слуша во интензивна како екипата која ве реанимира во исто време двајцата кои сте на апарати, гласно си дофрлаат: “Го губиме…Не, не ќе се избори…Го губам…Не, не…Го губам…Неееееее….Го изгубивме.”
Тиииииииииииииии…продорен едноличен звук кој никој во бел мантил не сака да го слушне, пациентот егзитирал, не успеале да го спасат.
Се префрла целата екипа кај тебе, те отвораат кај вратот, ставаат сонда, анестезиолог прави чуда, сестрата до него цела се тресе и извикува по некое време “пулсоксиметарот прикажува пулсови” и го мери нивото на SpO2, одеднаш се слушаат гласови “почнува, иде, добро е иде”, а тоа значи дека кислородот се врзува за хемоглобинот во црвените крвни клетки кои се движат низ белите дробови…почнуваш да дишеш, те спасуваат и се слуша глас “ќе се извлече…добро е”.
Сакам да ти порачам на тебе и на сите оние теоретичари на заговори и неверници, никој никогаш да не каже дека коронавирусот е само малку посилна настинка!
Многу луѓе меѓу 30 и 40 години починаа. Во животот сум гледал како околу мене умираат луѓе! Ова не сакаш да го видиш дефинитивно!“
Автор на текстот е Ивица Апостолов вработен во Клинички центар Мајка Тереза.