Летото официјално започна, а според претходните најави на експертите, може да очекуваме да се смири пандемијата, поради високите температури што треба да го убијат вирусот.
Но, во интервју за „Телеграф“ српскиот доктор Бранимир Несторовиќ истакна дека високите температури нема да имаат големо влијание, колку индексот на УВ зрачење.
“Важен е индексот на ултравиолетовото зрачење, кој мора да биде над 3 за да се убие вирусот, а не температурата. Еве, на пример, сега е топло во Австралија,а вирусот сè уште се шири. Не е толку важна температурата колку УВ-индексот затоа што тие зраци се оние што го убиваат вирусот. Штом тој број е над 3, може да се очекува дека епидемијата ќе започне да се смирува”- рече тој во интервјуто за „Телеграф“.
Значи, дали високите температури навистина влијаат на корона вирусот?
Научниците неодамна започнаа неколку помали студии на оваа тема и открија дека сè уште нема доволно докази дали се знае дека е точно ова.
Она што е познато со сигурност е дека преживувањето на вирусот нема никаква врска со високите температури, но и со процентот на влага.
Исто така, одредени видови на вируси можат да се променат во зависност од околината и да преживеат во различни географски региони и климатски услови.Иако многу вирусни заболувања се забавуваат во летните месеци, факт е дека корона вирусот „полуде“ во Австралија дури и во лето.
Вирусот е мртов дури на 92 степени по 15 минути
Сепак, група истражувачи од Универзитетот во Марсеј, докажала дека коронавирусот може да преживее долготрајно изложување на високи температури.
Имено, тие го загревале коронавирусот на 56 степени во тек на 30 минути, а потоа на 60 степени во тек на 60 минути и на 92 степени во тек на 15 минути и откриле дека екстремно високите температури се значајни за намалување на влијанието на вирусот.