Претседателот на ракометниот клуб Преспа, Илче Котевски ја загуби битката со коронавирусот, почина на 40 годишна возраст. Пред два три дена значително му се влошила состојбата, па примил и крвна плазма, но од вчера утрината бил поставен на респиратор, а кусо потоа починал.
Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој остави траги во историјата на спортот во Македонија. Од него на социјалните мрежи веќе се простуваат неговите најблиски и соработниците.
„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел, секогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. Жалта е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели во последниот поздрав објавен во групата.
Инаку, докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен, кој беше споделуван деновиве на социјалните мрежи, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.