Двојка седела во грчки ресторан во Ханија, Крит, кога младиот човек започнал да се гуши.
Тој се обидел да кашла, но проблемот не исчезнал, сепак имал нешто во грлото. Девојчето го удрила по грбот, но тоа не помогнало.
Набрзо и другите гости сфатиле дека нешто нее во ред, додека пак келнерот го повикал својот менаџер на помош. Се појавил Василис Пателакис и веднаш го примени маневрот на Хајмлих и со тоа му го спаси животот.
За среќа туристот веднаш почувствувал олеснување.
Пателакис потоа го објави видеото од надзорните камери на Фејсбук за да покаже дека е многу лесно да се изврши оваа постапка и со тоа да се помогне на некој што има потреба.