РЕСТОРАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ И ВНАТРЕ, МОЛОВИТЕ ОТВОРЕНИ И ВО НЕДЕЛА

by Тони Зографски

Владата денеска врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука од петок, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави Оливер Спасовски на Фејсбук.

Техничкиот премиер напиша и дека Владата денеска донела Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Исто така Владата донела одлука од петок угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Од истиот ден се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

 

останати вести