Најчест збор што овие денови се слуша во Паралија е “катастрофа“. Едно од омилените летувалишта на Македонците и Србите е празно поради строгите мерки со корона вирусот.
Мештаните се очајни бидејќи од туристите нема ни трага ни глас, па со право се грижат како ќе ја избуткаат сезоната.
-Короната ни го преврте животот напочки. Државата ни воведе ригорозни мерки, мораме облечени со специјална опрема, ракавици , маски, визири на гостите наутро и навечер да им мериме температура и да алармираме ако е повишена. Ако не се придржуваме на мерките казната е 5.000 евра – вели за курир.рс Ангела, газдарица на еден од тамошните апартмани.
Инаку, лежалките се разместени на неколку метри а речиси секаде во затворен простор се задолжителни маски. Во маркетите и рестораните каде се влегува со маска, цените не се променети, па така популарното гиро и суфлаки чини од два до три евра. Со маска се влегува и во таксито и во автобусите.
Специјалните услови има и за газдите кои изнајмуваат апартмани. Тие мораат секојдневно да ги чистат просториите за гостите, а биле принудени да набават специјални топломери кои чинеле 60 евра.
извор: Курур.рс