Памела Андерсон на 52 години се соблече гола во новата кампања за торбите од брендот Ашок Париз.
Памела сама дизајнираше една колекција за брендот, а тие се изработуваат од веганска кожа. Но за да привлече поголемо внимание на нив, се соблече гола и легна во постела со рози.
Инаку, Памел со години е голем поборник за правата на животните и се спротивставува на каква било форма на суровост кон нив. Пред извесно време на Ким Кардашијан и испратила крзнено палто од вештачка кожа за да и го одвлече вниманието од вистинската, а исто така ја повика ,,Прада” да го отстрани крзното од нивните колекции.