По шест месеци судење денеска Крвичниот суд Скопје, ја објави пресудата за предметот „Рекет”, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Јовановски за двете кривични дела е осуден со две затворски казни од по 5 години или единствена казна затвор од 9 години, сметајќи го времето поминато во притвор.
Судот ја осуди Јанева на 7 години затворска казна сметајќи го времето поминато во притвор.
Катица Јанева не беше присутна во големата сала на Врховниот суд, поради здравствени и семејни причини., додека Бојан Јовановски беше присутен, со задолжителна заштитна опрема и визир.
Инаку, во тек на овој судски процес беа презентирани низа материјални и вербални докази. Како сведоци за „Рекет“ во судот исказ дадоа бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинари од телевизијата 1ТВ, обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска, Бурим Рустеми, Фатиме Фетаи од СЈО и други. Обвинителството изнесе видео записи и фотографии обезбедени од ПИ мерки, како и фотографии и записиници од одземени предмети од домот и канцелариите на обвинетите, но и видеа направени од домот на сведокот-оштетен бизнисменот Јордан Камчев.