На 104 година, во Загреб, почина Јурај Хржењак долгодишен претседател на Сојузот на антифашистичките борци на Хрватска и партизан кој учествувал во Втората светска војна.
По војната тој бил на неколку раководни функции, меѓу кои бил и директор на политичка школа “Јосип Броз Тито“ во Кумровец.
Автор е на неколку книги за самоуправувањето.
Сепак, Јурај бил најгорд и секогаш истакнувал дека е човекот кој е најзаслужен за бракот на Тито и Јованка Будисављевиќ која од порано ја познавал.
Наводно, Јурај ги запознал, по што Јованка му се придружила на Тито во штабот, а подоцна стана и негова сопруга.