Новинарката и водителка на ТВ Сител, Ивона Талевска, синоќа по долго време имаше јавен настап.
Таа се појави како гостин во емисијата „Заспиј ако можеш„ на Алфа ТВ и проговори на многу интересни теми, пред сè околу новинарството во Македонија, бидејќи Талевска е претседател на новинарската организација МАН.
Меѓудругите прашања водителот на емисијата „Заспи ако можеш“, ја праша Талевска и околу најголемата фама која се крена при траењето на тој случај, дека Талевска купувала долна облека која чинела 500 евра, дали е тоа точно?
-Нема никаква вистина во тоа. Поентата на овој предмет беше да ми го срушат името. За да те дискредитираат, мораат да ти го срушат името и за таа цел најчесто се користат такви приказни, знаете, сме гледале такви филмови.
Не е во ред тоа што го правеа со медиумите, не можам да сфатам зошто се насочија кон медиумите, кон нас. Ние тогаш одлучивме да се повлечеме од ТВ екраните дури траеа постапките против мене, Латас…
Инаку, Ивона Талевска во изминатите години беше обвинета во предметот „Тифани“ и доби условна казна од две години.