Почитувањето на одредени протоколи, ограничениот бројот на гости како и работното време до 22 часот во угостителските објекти, ги натера младите да си прават забави и дружби на Водно.
Околу 30-тина возила со по неколку лица во нив, со алкохол и музика од автомобилите, младите вечерта ја минуваат на паркингот пред жичарата, како и по патот кон Водно.
Дел од нив велат дека ситуацијата со коронавирусот не ги плаши,а дел велат дека ги почитуваат мерките, но им фали забавата во клубовите.
Инаку, министерот за здравство постојано апелира и повторува дека мерките не се носат за луѓето да се групираат надвор и по кафеани, туку треба целосно да се почитува забраната, која настапи поради коронавирусот.
Извор: Локално.мк