Американскиот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена и ја опиша како „најлош кошмар”.
– Еболата беше страшна. Но, таа не може лесно да се пренесе. Сега имаме нешто што се претвори во мојот најлош кошмар. За четири месеци, пандемијата го уништи целиот свет, рече Фаучи.
Тој посочи дека има милиони и милиони заразени низ целиот свет во многу кратка временска рамка.
На конференцијата организирана од Организацијата за биотехнолошки иновации, Фаучи призна дека е изненаден од брзината со која се шири коронавирусот, но додаде дека е убеден дека ќе се најде вакцина.