Газдите и вработените во кафулињата и рестораните во Русија се соблекоа голи, незадоволни што сè уште не им е дозволено да работат заради епидемијата на коронавирусот, пренесува „Мондо“.
Епидемијата на коронавирус им го одзеде приходот, а потоа тие решија да ја соблечат облеката, затоа што сè уште не им е дозволено да работат.
Сопствениците и вработените на стотици кафулиња и ресторани во Русија ги објавуваат своите голи фотографии на социјалните мрежи, а само нивните интимни делови се покриени, во знак на протест дека надлежните сè уште не им дозволуваат да ги отворат своите угостителски објекти.
„Ние сме голи затоа што останавме без ништо“, рече Артур Галајчук, сопственик на ресторан во Казањ, а со него позираа 20 други вработени.
На рестораните во Русија ќе им биде дозволено да ги отворат своите тераси од 11 јуни, по двомесечната забрана за работа.