Српската пејачка Биљана Крстиќ последните шест месеци ги помина во изолација поради воспаление на срцевото ткиво предизвикано од вирусот коксаки, а кога таа почна да се опоравува, воведена е вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот , па таа останала сама подолго отколку што предвидувале лекарите.
Пејачката се смета за некој кој „не запира“, нејзиното темпо на живот е брзо, а го одложила одењето на лекар сè додека сериозно не се разболела, иако со месеци се чувствувала слаба.
– Пеењето со треска, долги патувања и три работни места одеднаш не е нешто што телото може да го издржи подолг временски период. Се чувствував слабо пред неколку месеци пред да сфатам дека нешто навистина не е во ред, но како и секогаш, не запирав, обвинувајќи го заморот за сегашната состојба – изјавила Биљана Крстиќ за Глорија.
Но, сфатила дека не станува збор само за обичен замор.
– Тогаш отидов на лекар и таму ми беше кажано дека морам да направам кардиолошки преглед, затоа што во спротивно имам ситни проблеми со срцето. Ми беше дијагностицирано воспаление на срцевото ткиво и ми кажаа дека апсолутно морам да се одморам. Малку подоцна, тестот на крвта потврди дека имам вирус коксаки, па затоа бев принудена целосно да се изолирам во станот.к
Иако нејзиното закрепнување требаше да трае месец- два тоа беше продолжено на шест месеци.
Билја Крстиќ сега се враќа во нормалниот живот, се чувствува подобро, и може повторно да пее:
– Се чувствувам многу подобро сега. Среќна сум што можам да излезам од куќата и да прошетам.
Со месеци била толку болна што и било тешко дури и да размислува за песна, затоа што имала краток здив, но сега за среќа тоа е „сосема друга приказна“:
– Сè се враќа на своето место, и бојата на гласот и желбата за работа – вели Биља Крстиќ.