По осум месеци поминати во притвор во Белград, ослободен е македонскиот бизнисмен и генерален секретар на партијата „Глас за Македонија“, Љупчо Палевски – Палчо.
Тој за ова информираше на својот Фејсбук профил во раните утрински часови.
“8 месеци Србиве ме носеа на суд во Хрватска, а Хрвативе за 10 дена ме пуштија рааттт, Јустинијана на балканов е класична курветина, напиша Палевски во објава на неговиот Фејсбук профил.
Неколку часа подоцна тој објави уште еден статус на Fејсбук во кој тој дава видување за политичката ситуација во Македонија.
“После 9 месеци апсана од ИНТЕРПОЛ, гледам држава во која не постои реален политички конфликт, туку евтина кавга во корпорацијата кој се од фејкериве ќе членува во УПРАВНИОТ ОДБОР, на Севернава бештија АД. Коронава стана спрдачина , за Мицов гледам ситуација на исчезнато Блгарче, а Бачев упорен за Рус да стане…… Зајеб константно и понатака Јенки да ти бил, а Мицика што и да е, само да биде претседател на УПРАВНИОВ одбор ( влада), тато браво да му каже… ДонМијале и даљеее кафанска мафија у распад, кој стигне рекет му мава никако до Трамп да стигне, цепа инсулин растура…
Да не е КОРОНОВА, маме ќе им расплачевме за имево, али јебига, тоа е, КОРОНА и тоа СЕВЕРНА мутирана….
ПС: БЦ пензионеров у Белград згради гради, мора да го стигне Камчев банкоматот на ДонМијале, мора да ја врати Наташа, онааааа негована … кај Камчев моментално паркирана.
Надзорниот одбор на севернава Корпорација сместен на Калево сеир гледа на политичкиве свингери, да не киксирааат ОРГИЈАТА (избори) мора да биде на ниво, свингерајот за демократија го продаваааттт, топ Амерички производ за нашиов пазар“, пишува Палевски.
Инаку, во средината на септември минатата година, Палевски беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград од каде што сакал да се качи на авион за Москва. Причината за апсењето е потерница од Хрватска која е издадена поради стопански спор кој неговата компанија од Задар го водела со партнери.