Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга Бисера и тримесечната ќерка се хоспитализирани во болница и тие се во добра здравствена состојба. Имаат стабилна форма на болеста само со висока температура.
-Чисти сме со белите дробови, тоа е добро. Јас имам температура. Сопругата и бебето немаат. Супер се грижи за нас целиот персонал, Господ здравје да им даде, многу се трпеливи со сите пациенти и многу грижливи. Дојдовме во понеделникот кога малата крена температура, но сега нема, добра е. И мојата сопруга е добра. Јас добивам инфузија и потпишав дека ќе земам една терапија десет дена за ХИВ, како дел од студијата ,,Солидарност”, изјавил Зекири за Слободен печат.