На социјалните мрежи деновиве хит е вработена во Министерството за финансии која во канцеларија ги покажа своите танцувачки способности – објави Канал 5.
На видеото се гледа како во канцеларија ги покажува своите танцувачки способности преку видео на социјалната патформа Тик Ток.
Видеото направи вистински бум на социјалните мрежи, најмногу поради фактот што е снимено токму во просториите на министерството.
Вработената преку ФБ статус експресно се извини за видеата и правдаше дека тие се снимени минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.
„Јавно се извинувам доколку ја ставив во несоодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, исто така сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.“, напиша службеничката на ФБ.
Од финансии изјавиле дека се разочарани од ваквото однесување на вработената, со неа е направен разговор и ќе бидат преземени мерки.