Српскиот вирусолог Предраг Кон за прв пат откако започна епидемијата во Србија, во една тв емисија се појави без маска.
-Дојдовме до крајот на епидемијата кога само треба да се држи дистанца, која од две метра може да се смали и на метар. Метар и пол е апсолутно безбедна дистанца – рекол Кон и информирал дека треба да изминат 28 дена без ниеден случај на коронавирус во државата, па да се објави крај на епидемијата на коронавирус.
Инаку, во Србија во последните 24 часа забележан е еден смртен случај од коронавирусот и 24 нови потврдени случаи на зараза меѓу 4.372 тестирани лица, додека членовите на кризниот штаб предвидуваат скор крај на епидемијата.
Епидемиолозите тврдат дека падот на бројот на новозарзените покажува дека епидемијата на коронавирусот во Србија влегува во завршницата и во текот на следните две седмици ги очекуват првите денови без заболени.
Членот на владиниот Кризен штеб, др Бранислав Тиодровиќ сугерираше дека би требало да се укинат сите рестриктивни мерки воведени поради избувнувањетео на епидемијата на коронавирусот во земјата, велејќи дека не очекува дека ќе дојде до вториот бран на Covid-19.