„Еден дел од Европа подобро ги познава сите опасности кои вирусите ги носат од остатокот на континентот. Југославија, за време на нејзиното постоење, ја погодија епидемии на туберкулоза и мали сипаници, а во текот на војните во 1990-тите години, покрај сите маки, народо го нападнаа и морбилите. И затоа – кога коронавирусот се појави во западниот дел од Балканот – регионот успешно се подготви за најлошо сценарио“, пишува британски „Тајмс“ во опширниот текст за епидемијата на коронавирусот на Балканот, а пренесуваат некои балкански медиуми.
Според Тајмс, во државите од поранешна Југославија кои имаат повеќе од 20 милиони жители, регистрирани се 21.145 случаи на зараза од коронавирусот и 775 смртни случаи.
Причините за така добрите резултати во однос со остатокот на Европа, особено со нејзиниот западен дел, „Тајмс“ ги гледа со фактот што некои научници се уверени дека на земјите од поранешна Југославија најмногу им помогнале раните епидемии и успешниот одговор на нив, низ долгорочно и сеопфатно, а во некои држави и задолжително вакцинирање.
Експертите веќе со години анализираат како имунизацијата со евтината и цел век достапна БСЖ-вакцина против туберкулоза, го зајакнува човечкиот имунитет и против другите заразни болести. Анализите се повторно актуелни поради искуствата кои со БСЖ-вакцината ги имаа државите од поранешна Југославија, во епидемиите по Втората светска војна на туберкулоза, а потоа и со вариола вера.
И други вакцини исто така може да играат улога во јакнење на имунитетот, а државите од Балканскиот полуостров неодамна имаа неколку кругови програма за вакцинации, вклучувајќи и вакцина против беснило, кои универзално се применуваат еднаш годишно од 2016 година. Движењето против вакцинација кое во Британија и САД е застапено од 1990 година, на Балканот се прошири дури во последните неколку години.
Исто така, контролирани испитувања на делотворноста на бесеже вакцината веќе се спроведуваат во Холандија и Австралија, а резултатите се очекуваат за три до 6 месеци.
„Поверојатно е дека бесеже само ќе доведе од помалку сериозни симптоми, иако може да пружи и делумна заштита од пренос на вирусот“, рече шефот на истражувачкиот тим на Универзитетот Радбоуд во Холандија д-р Михаи Нетеа.
Социјалистичкото наследство на Југославија исто така им помогна на земјите од поранешната држава да ја ублажат кризата во здравствениот сектор, предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Како што пишува Тајмс, иако повеќе нема блиска соработка меѓу јавните здравствени установи на државите, тие и натаму ги делат културните и политичките атрибути кои го обликуваа одговорот на кризата, главно низ централизираните здравствени системи и влади кои не се двоумеа да ги ограничат граѓанските слободи за општо добро.
Инаку, Велика Британија и повеќето европски земји од сеопштото вакцинирање со БСЖ-вакцината се откажаа уште на почетокот на 21. век, додека во САД и во Италија никогаш и не се применувала БСЖ-вакцинација. Во поголем дел од Африка, источна Европа, Азија и Јужна Америка и натаму е присутна задолжителната вакцинација.