Поради тоа што имала контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, а по препорака на епидемиолозите, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска оди во самоизолација. Ова таа го објави на социјалните мрежи.
„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден.
На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје.“, напиша Кузеска.