Тамара Тодевска вчера наполни 35 години. Македонската пејачка роденденот го прослави во еден ресторан во Гевгелија, во друштво на своето семејство и блиски пријатели.
Музичката ѕвезда сподели неколку фотографии од малата веселба со сопругот Александар Димитровски – Мачка и нивните две деца, Хана и Дарен, а гости и биле и Игор Џамбазов и неговата нова девојка, алпинистката Илина Арсова.