Новинарот од телевизија Клан, Фуркан Салиу со заштитна опрема денес влезе на одделението за Интензивна нега во Инфективната клиника Скопје каде што се лекуваат најтешко болните од Коронавирусот. Притоа тој направи интервју со неколку пациенти на кои состојбата им се подоброува.
Салиу на својот профил на Фејсбук сподели фотографија со докторот Фадил Цана, како и видеото од посетата.
“Само што завршив со снимање на инфективна. Тие што сеуште не го сфаќаат корона вирусот сериозно, ги поканувам да го погледнат материјалот на Клан Македонија.
Интервјуа со пациенти кои се лекуваат, тие зборуваат и како се заразиле. Голема благодарност до доктор Фадил Цана којшто не само што работи без престан, туку и се грижи јавноста да биде информирана, што во ваква ситуација е многу важно. Благодарност и до директорката Милена Стевановиќ и Министерот Венко Филипче за разбирањето“ напиша Фуркан Салиу на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/708723649945454/?t=2