Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Срцето е мускулен орган во центарот на градниот кош. Кога се стега мускулот, срцето ја пумпа крвта која содржи кислород и хранливи состојки во циркулацијата низ телото. Здраво срце го снабдува телото со вистински потребната количина на крв со соодветна рата во зависност од тоа што телото прави во тој момент. При страв, изненадување, борба, автоматски се лачи адреналин, хормон кој влијае срцето побрзо да работи, телото се припрема за борба, му треба повеќе енергија и кислород за да се справи со заканата.
Ритамот на срцето, бројот на чукања, стегања на срцето во една минута, е важен витален знак, важен индикатор на здраввјето. Нормалната срцева фреквенција кај возрасни во мирување е од 60 до 100 отчукувања во минута. Но, нормален број на отчукувања на срцето не е гаранција дека лицето нема срцева болест.
За да се измери срцевата фреквенциија треба да се проввери пулсот. Пулсот, најчесто, може да се измери на раката, на радијалната артерија или на вратот. Најдобро е да се мери 60 секунди. Пулсот често се меша со срцевата рата но пулсот всушност е колку пати во минута артериите се шират и стеснуваат како одговор на срцевата акција на пумпање на крв. Така пулсот е директна мерка на срцевата рата.
Фактори кои влијаат на срцевата фреквенција се возраст, ниво на физичка активност, пушење, емоции, постоење на срцева болест, температура на воздухот и/или телото, положба на телото (лежње, стоење), движење, големина на телото, лекови.
Од детство (пр. деца до две години имаат срцева фреквенција 80-130 во минута) до адолесценцијата срцевата рата прогресивно успорува. За возрасни нормално е 60 до 100 отчукувања во минута. Спортисти, високо тренирани атлети може да имаат пулс и под 60, некогаш дури и 40/мин. Во тек на физичка активност срцевата рата се зголемува затоа што на рганизмот му треба повеќе енергија и кислород.
Не е важна само брзината на работа на срцето, важна е и регуларноста на пулсот. Срцето треба да чука во редовен ритам и да има регуларна пауза помеѓу отчукувањата. Срцевиот мускул има систем кој создава електрични импулси кои кажуваат коа треба да се стегне, да отчука и да ја бутне крва во цикулацијата.
Лицето може да чувствува сензација како срцето да прерипува. Има многу различни типови на абрмален срцев ритам. Тоа зависи од местото каде започнува ритамот и дали води срцето да чук побрзо или побавно. Најчеста промена на ритамот е атријална фибрилација.
Тахикардија е брз срцев ритам и може да е суправентрикуларна, синус тахикардија, атријален флатер, атријална фибрилација, вентрикуларна тахикардија, вентрикуларна фирилациа.
Брадикардија е бавен срцев ритам, атриовенрикуларен блок, блок на гранка, тахи-бради синдром.
Одржување на нормална срцева рата е круцијално за здравјето на срцето. Препораки се да се престане со пушење на цигари, намалување/одржување на телесната тежина, здрави начини за справување со стресот.