Епидемиологот Предраг Кон денеска соопшти дека Србија повеќе не е во епидемија на коронавирус и дека земјата влегува во фаза кога вирусот само спорадично ќе се појавува.
“ Следниве две недели полека треба да згасне и да се појави нула. Сакам да кажам дека ние повеќе не сме во класична епидемија – изјавил Кон за РТС.
Тој укажал дека е потребно 28 дена да не се појави ниеден случај на болеста за да се одјави епидемијата. Кон смета дека во сите делови на Србија не е еднаков колективниот имунитет.
“ Не мислам дека е изразито висок, бидејќи многу работевме на спречување на епидемијата“ рекол Кон и апелирал српските граѓани да се тестираат на коронавирус.