Честите пролетни дождови овие денови ги нервираат сите кои после долгата изолација помината во карантин поради корона вирусот сакаат да прошетата и да поминат период во природа. Меѓутоа има и луѓе кои на дождот и тоа како се радуваат.
Една од нив е домаќинката Славка Петровиќ (63) која секоја пролет собира полжави за храна, но и за продажба. Рано наутро или во текот на денот кога дождот ќе запре, таа тргнуваат во „берба“ и за неколку часа „шетање“ по поле или шума и полесно од берба на јагоди или цреши заработува околу 20 евра.
„Јас одам во „берба“ во близина на населбата каде што живеам и знам каде да ги барам, па не шетам многу и не губам време. Полжави навистина има многу, а за два три часа поже да се соберат и 50 килограми. Некогаш цело семејство одиме, а јас не пропуштам да излезам секогаш кога ќе заврне дожд“, изјави Славка за Телеграф.рс и додаде:
„Како да одам да се прошетам или утринска гимнастика, а дома се враќам со по некоја црвена и кеси.
На работа оди со стап во рака со кој ја расчистува високата трава при барање на полжавите, а на себе има и чизми и кабаница. Оди низ поле, ивиците на шумите, низ ливадите и канали за наводнување каде што има најмногу полжави.
Од „берба“ откако ќе се врати со полни ќеси и канти одма се упатува на откупни места за да ги продаде.
„За неколку часа полжавите започнуваат да пуштат вода и доста губат од тежината, па најмногу се исплаќа кога веднаш ќе ги продаде. Плаќањето е во кеш, на вага а цената може да биде и малку поголем. Моментално килограм е 50 динари (26 денари), а може да достигне и до 70 динари (36 денари), вели Славка.
Од април до средината на јуни во Мачва и Поцерини се собираат повеќе од десетина дони полжави. Наводно целата откупена количина се продава во Европската унија, најмногу во Италија како и во државите во регионот каде што како специјалитет завршуваат во чинија, припремени на најразлични начини во ексклузивни ресторани.
Инаку, во Србија, за разлика од државите во Европската унија не е забранет ловот на полжави во природа, но на одредени подрачја од оваа година не е дозволено.