Амар Чамо (31) и Лејла Чамо (28) од Босна и Херцеговина своето патување околу светот го прават со нивниот најдобар пријател, “фиќото”.
– Фиќото во нашиот живот влезе случајно. Мојата мајка случајно го видела кај еден човек и ми даде идеја дека би било добро да го купиме. Кога одлучивме да го купиме, сопственикот веќе го продал, а ние зопчнавме по потрагата по малото зелено возило. Конечно успеавме да го најдеме, – ја започнува својата приказна за српски “Блиц”, Амар Чамо.
– Фиќото не го купивме за да привлекуваме внимание, туку станува збор за љубов кон старите, а некогаш популарни автомобили. Во тој период планиравме да патуваме и ни беше потребен автомобил.
– Во досегашните патувања, видовме различни реакции од луѓето. Некои не гледаат како социјални случаи кои немаат пари за возило, додека има и такви кои ја сфаќаат убавината на она што го имаме ние. Доживеавме луѓето да ни мавтаат и да ни ракоплескаат и кај да се појавиме сме вистинска атракција.
-Фиќото е нашиот животен сопатник. Никогаш не не’ изневерило. Досега со него имаме посетено 31 држава. Тргнавме од Исланд, преку Мароко и стигнавме до Сахара. Исто така ги посетивме Шпанија и Турција, но тоа не е крај, продолжуваме понатаму.
-Најнапорно патување имавме кога тргнавме во Италија, фиќото ни се расипа и едвај стигнавме до посакуваната дестинација. Во тој период, фиќото сеуште беше кратко време кај нас и не зневме како ќе издржи подолго патување. Сега имаме искуство, добро го подготвивме и немама речиси никакви проблеми.
-Преку Инстаграм нон стоп имаме понуди да преноќиме во разни делови од светот. Така, еднаш имавме понуда да преноќиме во Хамбург, но кога стигнавме на дадената адреса, немаше никој. Кога го контактиравме уште еднаш човекот, тој не упати кај неговиот вујко, но кога стигнавме и тој не беше таму. Помисливме дека сме измамени, но човекот бил на работа и кога се врати не нагости како да сме му најблиски роднини.
-Поради короната пропаднаа дел од нашите планови. Границите се затворија, па во моментов планираме кога се ова ќе се смири, да ги посетиме сите места на Балканот – изјавиле за “Блиц“ светските патници од Босна.