Фолк-пејачката Елена Велевска и поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ објавија заедничка фотографија. И одма почнаа муабетите, од каде двојката заедно.
На прашањето што се случува со Перо и од каде заедно, Елена за „Репортер“ изјавила:
„Немам многу што да кажам, мене и на децата ни е омилен лик. Тој им подари маици со автограм, а воедно и тој многу ја обожавал мојата музика и мене како личност, па взаемен беше интересот да се запознаеме. Ние двајцата сме пример по кој можат да се водат многу генерации“, изјавила Елена која во моментов е слободна.