Сеуште не сме се извлекле од коронавирусот а од Светската здравствена организација предупредуваат дека демнее опасност од легионерска болест која исто како и ковид-19 ги напаѓа белите дробови.
Централниот систем за ладење, вентилацијата, потоа затворениот систем за вода во компаниите, училиштата, фабриките… кои поради пандемијата беа затворени, можат да бидат легло на вирусот на легионерската болест.
-Овие системи се најдирекни во контакт со луѓето, но опасноста демнее и од фонтаните, системите за прскање вода, кадите со хидромасажери како и бројните разладни системи во зградите. Накратко кажано, сите системи кои биле три месеци затворени се идеално место за вирусот, – вели професорот по хигиена на Медицинскиот факултет во Белград, Горан Белојевиќ.
-Доколку системот не е ичистен, веднаш сторете го тоа, или користите воздушна вентилација. Затоа се додека трае епидемијата на ковид-19 потребно е да се носат маски во затворени простории каде што има централен систем за ладење, греење и вентилација -додаде докторот.