Мика Стофер и нејзиниот сопруг Џејмс посвоиле бебе од Кина, по име Хаксли, пред две и пол години. Сепак, тие решиле да го „вратат“, затоа што „тој има посебни потреби и тие не биле свесни за тоа“.
Тие посвоиле момче со аутизам, а тоа го објаснија во видеото наречено „Нови вести за нашето семејство“.
“Кога станува збор за меѓународните посвојувања, секогаш има некои непознати работи, кои не се напишани на хартија. Кога Хаксли пристигна во нашиот дом, тој имаше многу повеќе посебни потреби за кои не бевме свесни, а кои никој не ги спомна”, рече Џејмс. .
„Во последните две години помина низ многу терапии. Се обидовме да ги задоволиме неговите потреби и да му помогнеме, бидејќи навистина го сакаме“, продолжил тој.
https://www.instagram.com/p/B2t9kN6gVyj/
Како што објаснила Мика низ солзи, тие не откривале многу за состојбата на Хаксли на социјалните мрежи, за да го заштитат. Парот објаснил дека тој сега е во друго семејство, со мајка која е здравствен работник и каде што напредува одлично. Инаку, тие веќе имаат 4 деца.
Видеото го погледнале повеќе од 400.000 луѓе. Додека едните се бесни и ја споредуваа оваа постапка со „нешто што не би се случило ниту со домашно милениче“, други ги поддржуваат Мика и Џејмс, пишувајќи им дека сочувствуваат со нив и му посакаат на Хаксли сè најдобро во новото семејство.