Ако сеуште не сте се сретнале со терминот “машко ширење”, тоа е навиката мажите во јавниот превоз да седат со раширени нозе и да зафаќаат повеќе од едно место.
Во главниот град на Шпанија, Мадрид, од јуни 2017 година, “машкото ширење” официјално беше забранета во јавниот превоз. Во сите видови јавен превоз во Мадрид постои знак што ги потсетува патниците да го почитуваат туѓиот простор. На знакот е нацртан човек кој седи со раширен нозе со буквата “X” во горниот лев агол.
Пред да биде воведена забраната, мадриѓанките со месеци протестираа против таканаречените “manspreadersa”. Феминистичка организација “Mujeres en Lucha“ лансираше онлајн петиција со хаштагот MadridSinManspreading (Мадрид без машко ширење) и детално го објаснуваше проблемот.
Инаку, првиот голем град кој спроведе јавна кампања против “машкото ширење” во јавниот превоз беше Њујорк. Во 2014 година, започна кампања наречена “Dude, please stop the spreading” и за тоа време полицајците уапсија мажи кои ги ширеа нозете во јавниот превоз. Подоцна тоа беше регулирано со правила за однесување во јавниот превоз, кои ги предупредуваат патниците да не заземаат повеќе од едно место и да го почитуваат туѓиот простор.