На Фејсбук вирално се прошири приказна за бабичката која продава цвеќе на Партизанска.
Ведра, насмеана, со маска на лицето, но ја тргнала за да испадне поубава на фотката .
“Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо? Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари. Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска
Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
Среќата ја прават малите нешта“.