Чилеанка стара 111 години се опоравува од коронавирусот, пренесе локалната телевизија.
Според телевискиот канал “24 Хорас”, на 12 април резултатите од тестот покажале дека жената е позитивна.
Лекарите кои се грижеле за неа, рекле дека едвај покажала симптоми на болеста.
„Имаше треска само еднаш или двапати, но не кашлаше“, речкла Марија Паз Сордо, директорка на домот на старите луѓе, додавајќи дека жената претходно имала проблеми со дишењето.
Инаку, во Чиле на 3 март е забележан првиот случај на Ковид-19, а од тогаш се заболени 77.990 лица, а починале 806.