Поранешниот американски претседател Бил Клинтон заведувал малолетнички, исто како и неговиот пријател американскиот милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн, кој годинава се обеси во својата ќелија во затворот во Њујорк. Овие тврдења се објавени во новиот документарец за осудениот милијардер Џефри Епстајн.
Имено, 70-годишниот Стив Скали, кој се појавува во документарецот и кој работел многу години на островот на Епстајн „Little Saint James“, кој во медиумите го доби неславниот прекар „Остров на оргиите“, изјавил дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон исто така минувал време на тој остров.
Клинтон претходно призна дека патувал во приватниот авион на Епстајн наречен „Лолита експрес“, кој милијардерот наводно го користел за нелегални сексуални активности со малолетни лица, но на „Островот на оргиите“,Клинтон признал дека не никогаш не бил.
Скали изјавил дека видел други познати личности кои доаѓаат и одат од островот, но за време на посетата на Клинтон немало никој на островот.
Во документарецот е прикажан и Дејвид Шоен, адвокат на Епстајн, кој се обидел да го извади од затвор каде што завршил поради сексуална трговија со малолетни лица.
Според „Дејли Мејл“, Шоен изјавил дека тој и неговиот тим подготвувале цврста одбрана во случајот на Епстајн и дека се сретнал со него девет дена пред Епстајн да биде пронајден мртов.
Тој рекол дека Епстајн бил полн со енергија за време на разговорот и со нетрпение го очекувал потенцијално ослободување од затвор.