Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека таткото на активистката Моника Конопова бил уапсен поради семејно насилство.
-Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, – објави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук.
-Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.
Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото, вели министерот Наќе Чулев, во својата објава.
Активистката Моника Ристеска, минатата ноќ на социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии како е брутално претепана од нејзиниот татко Стојан Ристески.