Лили Тудор (11) го немаше видена својот четиригодишен полубрат Фреди Симс откако бри5анската влада во март го најави карантинот. Таа остана кај мајка ѝ а тој кај татко му.
Таткото на Лили, Ник Тудор (35) и мајката на Фреди, Џесика Барнет одлучиле да ги изненадат децата и смислиле план како да се видат.
Фотката на која двете деца за прв пат се гледаат по епидемијата на коронавирусот привлече големо внимание и доби повеќе од 19.000 “лајка“ на Фејсбук.
-Лили беше многу возбудена и кога го виде брат ѝ извика “Фред“. Истрча до него и го праша дали може да го прегрне. Навистина си недостасуваа еден на друг бидејќи беа раздвоени дури три месеци – вели Џесика која не е сигурно кога децата повторно ќе се видат.
– Тие се многу блиски. Лили ни доаѓа на гости секој викенд, но Фреди е дома и му недостасува Лили и училиштето. Не знам кога тие повторно ќе се видат. Морам да разговарам се нејзината мајка и зависно што ќе се случи понатаму, ќе донесеме одлука кога и каде децата ќе можат повторно да се сретнат.