Во Милано од денеска во вечерните часови е забрането продажба на пијалоци за носење, се со цел да не се собираат луѓето, изјавил градоначалникот Џузепе Сала.
Работното време на баровите и ноќните клубови нема да биде ограничено но, по 19 часот, нема да се дозволи продажба на пијалоци за носење, откако изминатиов викенд се прекршени забраните за групирање.
-Секако не сакам да се однесува како шериф, но имам голем притисок од луѓето кој се жалат на ваквиот начин на однесување и затоа морам да се обидам да ја смирам работата – изјавил Сала.
Инаку, угостителскте објекти примаат ограничен број на луѓе, со одржавање на потребната дистанца. Контролата во ноќните клубови и барови ја спроведува државната полиција, карабињерите и финансиската и локалната полиција.