Полицајци на велосипеди ќе патролираат низ Центар (ФОТО)

by Тони Зографски

Припадниците на полицијата во ПС Центар, започнаа со патролирање на велосипеди за полесно и ефикасно справување со мерките против коронавирусот.

“Од денес, припадниците на полицијата во ПС Беко, започнуваат со патролирање на велосипеди за полесно и ефикасно справување со мерките против Корона вирусот.
🚲 Ми претставува задоволство да Ве известам дека велосипедите и дел од велосипедската опрема се наша, општинска донација за полицијата.
 Традиционално добрата соработка ќе продолжи и во периодот што следи, со донација на уште велосипеди и опрема“ напиша градоначалниот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил.

останати вести