Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче претпладнево беше во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце.
Синоќа, за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор.
„Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги.“ напиша министерот Филипче.