Познатиот босански музичар Дино Мерлин стана дедо. Имено, како што дознава “Дневни аваз“, неговиот прв внук дошол на свет пред неколку дена, кога се породила сопругата на неговиот син Хамза, Џенета Табаковиќ-Дервишхалидовиќ.
Наводно детото ќе се вика Незир, по името на таткото на сопругата на Дино, Амела.
-Мајката и бебето се дома и се чувствуваат одлично. Честитките пристигнуваа од сите страни – изјавил извор за “Аваз“.
Инаку, синот на Дино Мерлин, Хамза, минатата година се ожени со Џенета по седумгодишната врска.