Автомобил паднал во Вардар, пожарникари и специјалци го вадат (ФОТО)

by Тони Зографски

Црн автомобил марка „поло“ паднал во реката Вардар во Скопје.

Од полицијата потврдија дека денеска околу 8 часот случаен минувач пријавил дека во реката Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болница Систина забележал возило Поло.

На местото каде то е пронајден веќе се дојдени екипи на специјалците и противпожарна екипа во обид да го извадат.

Во моментов не е познато дали во автомобилот има луѓе.

фото: Н. Батев

останати вести